Неквалитетот од “Кока-Кола“, “Нескафе“, “Јакобс“, “Котанји“ и “Чибо“ за источна, квалитетот за западна Европа

14 април, 20110
Euractiv
Квалитетот на поголемиот дел од храната и пијалоците, кои ги произведуваат мултинационалните компании варира во зависност од пазарите во Европа за кои се наменети, иако тие производи се продаваат под ист бренд и етикета, покажало истражување на словачкиот ЕуроАктив, насловено како “Мултинационалните компании ги лажат поторшувачите во источна Европа“, пренесува Нетпрес.
Истражувањето било спроведено за прехрамбени производи, во осум земјо членки на Европската унија, односно во Германија, Австрија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
“Производите со послаб квалитет се наменети за т.н. нови членки на ЕУ“, констатирал претседателот на ЕуроАктив во Словачка, Милош Лауко.
Според него, не бил забележан ниту еден случај производ со лош квалитет да заврши на германскиот или пак на австрискиот пазар, но затоа во источните земји ги има и тоа многу. Тестирани биле производите “Кока-Кола“, чоколади “Милка“, “Нескафе“, “Јакобс Кафе“, познатите зачини “Котанји“ и “Чибо Еспресо кафе“. Сите биле испитувани во словачкиот Национален институт за ветеринарство и храна. Идентичен квалитет покажале само примероците на чоколадите “Милка“, додека најлоши резултати имале производите на австрискиот “Котанји“, кои имале најголеми отстапувања во квалитетот, од земја до земја, иако сите доаѓалеод една иста фабрика.
Исто така, голема разилка имало и во квалитетот на “Кока-Кола“. Најлош квалитет имале примероците од Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија. Во оние наменети за “источните пазари“ се користи изоглукоза од пченка, што е многу поефтино од обичниот шеќер (сахароза). Од “Кока-Кола“ како одговор на истражувањето, рекле дека во некои земји користат различни врсти на засладувачи, но дека тоа наводно немало никакво влијание на квалитетот на производот.
Во јавноста реагирало и словачкото здружение на потрошувачи, чиј став е дека производителите треба да понудат гаранција за квалитетот, која би требало да биде еднакво почитувана во секоја земја каде се врши дистрибуција.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi