Нелегален имигрант си го пресекол вратот во авион

Пред очите на патниците, еден нелегален имигрант од Јамајка си го пресекол вратот со брич, кога требало да го депортираат од авионот на “Вирџин Атлантик“ на летот Лондон – Кингстон.
Според изјавите на очевидците, имигрантот во тој момент се послужил со мал брич кој го скрил од обезбедувањето, а брзата помош интервенирала со тоа што му го “залепила“ грлото само за момент.
Летот поради тоа морало да биде одложен, а несреќниот имигрант бил префрлен во болница, а на патниците кои присуствувале на настанот морало да им биде укажана психолошка помош.
Откако повредите му биле санирани, повредениот имигрант бил вратен на надлежните служби за имиграција, а компанијата “Вирџин Атлантик“ на патниците им обезбедила хотелско сместување и можност ако сакаат да одлетаат со друга авио компанија.
Извор: Нетпрес