Познатата пејачка од Барбадос постојано ги менува своите фризури, скоро и да нема настап, а таа да нема сменето нешто. Дали некогаш сте се запрашале колку троши Ријана на фризури?
Судејќи по пишувањето на британските медиуми, Ријана неделно само за фризура троши 14.000 фунти, а тоа е така бидејќи таа соработува само со водечките стилисти и фризери од Холивуд.
Пејачката од Барбадос спремна е дневно да „искешира“ и по 2000 фунти само за да изгледа поразлично. Таа сака да биде пионер на новите стилови, а потоа сите да ја имитираат, а за сето тоа да се постигне, треба и добро да се плати.
Неодамна дури и познатата Ким Кардашијан ја нарече Ријана модна икона и трендсетерка.