Необјавени фотки Роберт Редфорд – несудениот принц на Холивуд!

21 август, 20110
robertredford-naslovna

1. Роберт Редфорд: Необјавени слики
Тој има сè што еден човек би посакал: изглед, шарм и талент – но, не беше популарен до 1969 година кога блесна како холивудска ѕвезда и храбро зграби кон врвот. Тоа е годината на „Butch Cassidy and the Sundance Kid“, како и времето кога фотографот Џон Доминис помина цела недела во негово друштво и внимателно го фотографираше секој аспект од животот на Редфорд. Неговиот бизнис и задоволство, во Јута и во Њујорк. Само неколку од тие слики биле објавени во февруарскиот број на LIFE од 1970 година, а сега кога овој актер наполни 75 години (18 август 2011 година), LIFE.com ги објави досега невидените слики од тогашната фото-сесија: Редфорд на коњ, шетајќи се по „Time Square“ и бркајќи си го бизнисот. На оваа слика тој се наоѓа во својата канцеларија во Њујорк и убива со неговата загадочна насмевка.


2. Животот во Јута
Во 1969 година, Роберт Ретфорд имал само 33 години и бил оженет со првата жена по име Лола Ван Вагенен. Заедно со двете деца, Шауна и Џејми (најмалата ќерка им се раѓа подоцна во октомври, 1970 година) двојката живеела неко време во една три-катна куќа која самите си ја изградиле во снежниот и планинест роден крај на Лола, државата Јута.
Фотографот Џон Доминис од списанието LIFE, поминал неколку денови во нивниот дом, постојано следејќи го Редфорд како шета низ широкиот имот на коњ, на скии и на снежниот мопед. „Тој е вистински маж, знаете, и е многу цврста личност“, зборува Доминис кој сега има 90 години за LIFE.com, потсетувајќи се на кратката недела помината со Редфорд во Јута, а потоа во Њујорк. „Го засакав. Многу беше фин со мене, иако воопшто не ме познаваше“. На сликите во продолжение можете да го видите Роберт со еден од осумте коњи кои во тоа време ги чувал во шталата близу до неговото оддалечено од било каква цивилизација засолниште.


3.  Редфордови во акција
И фотографот е скијач, па веќе бил на падините на Јута и пред да ги посети Редфордови. Сепак, тоа не му ја олеснало работата да ги фати во акција. Ова е една од неколкуте успешни слики на која Роберт е заедно со неговиот 7-годишен син, Џејми. Доминис признава дека имал потешкотии да фати кадар каков што посакувал, но на крајот упорноста му се исплатила, а доказ за тоа е самава слика.


4. И тргна по стапките на бизнисот
Доминис немал проблем да го слика Редфорд директно и на средина на секојдневните работи,од причина што Редфорд и немал многу слободно време. Во Њујорк бил пренатрупан со детаљи во врска со излегувањето на наредниот филм  наречен „Downhill Racer“. Тој постојано, дури и кога бил во Јута, дремел на телефон и договарал состаноци со разни агенти и партнери. LIFE пренесува дека Редфорд имал илјадници врски и контакти со познати фаци. Тука Редфорд зборува на телефон облечен во својата омилена бањарка.


5. Мустаќи, градни влакна, бањарка
После феноменалниот филм од 1969 година, Редфорд од симпатично момче прерасна во секс симбол. Всушност, откако сторијата за него излезе на насловната страна на LIFE, неговата слава вртоглавечки порасна и од тоа издание не остана ни една копија непродадена, сè било разграбано во најкус можен рок.


6.  Мангата и детето
Дома во Јута, го прегрнува својот другар и колега-актер Пол Њуман, инаку подарок од театарот во Лос Анџелес. Овој филм, „Butch Cassidy and the Sundance Kid“, го обожаваат сите поради лесната хемија меѓу двајцата одлични актери, кои позади сцената биле и најдобри пријатели. Двајцата прснувале во смеа кога еден од нив ќе ја заборавел репликата и штуро се ѕверел во другиот да му помогне.


7.  Момент проткаен со мир
Редфорд со семејната мачка свиткана во неговиот скут во домот во Јута. Тука Редфорд паузира од читањето на некое сценарио.


8. Како се ора машки
На сликата Редфорд се грижи за своето земјиште во Јута. Тука, меѓу планинските венци, тој изградил цел ранч, скијачки центар, како и фарма за тренирање коњи. За него, оваа земја има посебно значење и зафаќа скапоцено место во неговите спомени. Не е исто да се собираат пари и да се собира простор. За Редфорд, просторот има подлабоко значење.


9. Со уздите во рака
Феноменална слика на Редфорд, како го јава својот омилен коњ.


10.  Животот во градот
Еден студен ден на исток, актерот шета по Менхетен со својата 9-годишна ќеркичка, Шауна, која пак во раката држи тазе перек. Иако Редфорд за ништо не би го заменил животот во планините на Јута, тој сепак, вели дека во себе си чува место и за градот кој го стимулира, а на децата им дава достоинствено образование.


11. Татко-ќерка момент


12.  Урбаниот каубој
Редфорд е фатен на „Time Square“ во фрка помеѓу два состаноци.


13. Такси!
На „Time Square“, со старата продавница за Бонд облека и Вулворд во позадина, Редфорд мафта со шапката за да сопре едно такси. Само неколку блока понатаму, во Билтмор Театарот наа 47-та улица, Роберт во 1963 година, ја добива неговата прва главна улога во претставата на Бродвеј наречена „Бос во паркот“ во режија на Нил Симон.


14. Човек со идеи
Редфорд, со моливот на готовос, се смешка во неговата канцеларија во Њујорк. „Толку инаетлив клиент“, коментира LIFE, „а со таков сопствен бизис, може и да си го дозволи тоа“.


15.  Држење рамнотежа
Додека стои качен на столот и закачува слики и спомени на ѕидот позади него, некој му ѕвони. Мора да се јави и истовремено да ги заврши двете работи.


16. Татко ми, филмската ѕвезда
Синот Џејми му се придружува на Редфорд во канцеларијата во Њујорк.


17. Позната фаца низ гужвите
На еден спортски настан кон крајот на 1969 година – најверојатно кошаркарски или хокејки меч во Медисон Сквер Гарден – Роберт Редфорд е само еден од бројните фанови.


18. Роберт Редфорд, спортски фан


19. На „Големото платно“
Уште една слика од состанок во канцеларијата, Редфорд ги разгледува сликите и рекламите за филмот „Downhill Racer“ кои се распослани пред него. Позади него има постери од мјузиклот „Paint Your Wagon“ во кој тогаш настапувал идниот добитник на Оскар, режисерот Клинт Иствуд.


20. И пак со тој телефон во рака


21. Двојна суперѕвезда
Кога Редфорд бил презафатен со состаноци, неговите деца често знаеле да се зафркаваат со него и да му пеат детски песни. „А кој се замисливаш дека си ти?“, имале навика да му кажат низ смеа. На оваа слика се двете негови деца, Џејми и Шауна, како и двајца непознати придружници.


22.  Нови дечки
Роберт и Џејми Редфорд застануваат во една продавница за облека и гледаат во една врамена слика заедно со двајца непознати вработени.


23. Тоа е сè народе
Сликите на Доминис откриваат нешто многу повеќе од еден згоден актер во подем – тие илустрираат еден нов вид филмска ѕвезда, човек кој внимателно работел на секој аспект од својата кариера, од креативни до бизнис задачи. Според Редфорд, кој се стреми да достогне статус на филмска икона, причината да превземе сè во свои раце е доста едноставна: „Титулата ѕвезда е многу лесно да ја добиеш, но уште полесно можеш да ја изгубиш ако ти опадне реномето“, прокоментирал Редфорд за LIFE во тоа време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *