Неодоливи летни торби од познатите светски брендови

popara12 јуни, 20111min00
916ea2952a4abd42_luxury_handbags

Никогаш не е доволно кога зборуваме за чевли и торби и сигурни сме дека секоја нова промена или информација ја следите. Летото и летната мода со себе носи иновации и изненадувања.

Ќе ви ги претставиме најмодерните торби за оваа сезона, од познатите светски брендови.

“Bottega Veneta”

Белата е универзална боја и е совршена за во лето. Оваа торба е голема и пространа, така што во неа можете да сместите се што ви е потребно тој ден.

“Happy Shoulder – Lanvin”

Розова торбичка, малку класична, а сепак интересна поради долгите рачки. Изгледа многу женствено и романтично. Погодна е и за секој ден, но и за специјални прилики.

“Proenza Schouler”

Многу стилисти за оваа торба кажале дека е со став и со шарм. Сите шминкерки и љубители на спортската елеганција сигурно ќе бидат фасцинирани од оваа торба. Комбинацијата на бои е единствена и затоа ја прави убава. Белата, портокаловата и кафената се идеални бои за ова лето.

“Balenciaga” торба “Исток – Запад“

Оваа торна е правиот избор за русокосите барби и совршено одговара со секој аутфит. Едноставен дизајн и впечатлива боја, ова е одлична комбинација.

“Valentino”

Луксузна, елегантна, неодолива. За сите девојки со стил, “Valentino” секогаш го создава најдоброто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag