Пет состојки против мамурлук

12 јуни, 20110
mamurluk_b1f076809

По бурните ноќни забави во летните денови, утрата знаат да бидат навистина мачни. Сигурни сме дека рецептот за добра забава го знаете, па затоа ќе ви понудиме рецепт за справување со последиците од забавите, популарно наречени „мамурлук“.

Според Милтон Крафорд, авторот на „Готвач против мамурлук“, (The Hungover Cookbook), петте најдобри состојки против мамурлек се домати, јајца, чили, ѓумбир и месо. Иако смета дека не постои „магична формула“ за целосно отстранување на последиците од алкохолот, сепак Крафорд вели дека овие состојки значително ќе ги намалат симптомите на мамурлукот.

Крафорд вели дека доматите се здрави за телото и за справување со симптомите на мамурлукот бидејќи се богати со калиум, витамин А и витамин Ц, и најважно со ликопен, еден од најмоќните антиоксиданси.  Најдобро е да се напиете еден безалкохолен Bloody Mary коктел или пак да направите омлет со сос од домати.

Според Крафорд, јајцата се добри за намалување на симптомите бидејќи содржат амино киселини кои ги разградуваат отровните нуспроизводи на алкохолот. Тој препорачува секако вид на омлет, особено со чили и ѓумбир, зачини кои ги вбројува како едни од најуспешните борци против мамурлукот. За чилито вели дека е како аспирин за мамурлук, додека за ѓумбирот вели дека помага при појавата на мачнина. За месото Крафорд вели дека содржи масти кои му даваат енергија за полесно да се справи со последиците од алкохолот.

Иако признава дека алкохолот е честа појава на добрите забави, Крафорд препорачува да се внимава колку количество алкохол внесуваме, бидејќи прекумерната употреба знае да доведе до многу незгоди и несакани моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi