Руси ја пробиле шифрата и можат да влезат во податоците на секој iPhone
![iphone4-52_2_610x407_610x407](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/06/iphone4-52_2_610x407_610x407-610x269.jpg)
Дали е на повидок Сајбер Студена војна.
Мејлови, СМС пораки, лозинки, фотографии се само некои од личните податоци на секој корисник на iPhone и тие можат да бидат достапни секому благодарение на новата алатка која ја има измислено руската компанија ElcomSofta.
За пробивање на заштитата е потребно само 20 минути. Податоците на iPhone се заштитени со специјален систем за кој експертите веруваат дека не е возможно да се пробие. Но, сепак русите најдоа лек. Податоците на iPhone се заклучени со пин, алатката го напаѓа алгоритмот и лесно го пронаоѓа пинот кој ги заштитува податоците.
Русите се свесни за можните злоупотреби, и алатката ја понудиле само на полицијата, безбедносните служби и владините агенции. Телефонот мора физички да се има доколку сака некој да ги пробие неговиот систем и затоа нема место за паника.