Непознат проблем ја запре работата во нуклеарката “Кршко“

23 март, 20110
1
Некогашната југословенска нуклеарка “Кршко“ во Словенија денеска автоматски се исклучила ја запрела работата, што предизвикало проблем во 389-киловолтниот далекувод кон Загреб, соопштиле надлежните од атмоската централа.
“Запирањето на работата на електраната е во склад со планот за заштита и спасување и прогласена е вонредна состојба од нулта степен“, информирала Ода Новак-Јереле, претставник на “Кршко“.
За запирањето на работата веднаш биле известени надлежните органи, а нуклеарката мометно е во состојба на мирување и без влијание на околината. Повторното отпочнување со работа на “Кршко“ се планира откако ќе се утврдат и откријат сите детали за случката.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *