Неверојатна снимка од ротирање на Земјата!

28 октомври, 20110
2323

Екипажот на меѓународната вселенска станица ги споила фотографиите од Северна Америка и Канада, па на тој начин создале снимка на која може да се види ротацијата на Земјата. Во неколку секунди оваа виртуелна снимка ќе отпатува од западниот брег на Канада до источниот брег на Америка.

Како што објасниле од НАСА, камерата била свртена кон север, па успеала да фати и дел од неверојатната поларна светлина, како го осветлува врвот на Земјата.

Снимката започнува со прикажување на Канада, а потоа полека преминува низ централниот дел на Северна Америка. Низ облаците може да се забележи полуостровот Мичиген, а милион света од Чикаго кои се наоѓаат тука го осветлуваат јужниот дел од езерото Мичиген.

Небото над централните делови од Америка неколку пати го осветлуваат и молњи, а потоа во кадар може да се видат и источните брегови на АМерика, Атланта и Џорџија. Пред крајот на снимката се гледа и полуостровот Флорида, како и плитките води околу Бахамите.

Вредноста на овој проект на вселенската станица, во која учествувале 16 нации, чини 100 милијарди долари, а завршен е оваа година, по десет години истражување и создавање.

httpv://www.youtube.com/watch?v=3d8fEl8xSJs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *