
Приказната за големиот срам која се случила во Нови Сад многу брзо се прошири низ соседните земји. Случајот веќе е наречен како “невидена брука“, а станува збор за последица од невнимание на Клиничкиот центар во Нови Сад.
До големата драма дошло кога една фамилија на погребот во Нови Сад сакала да го види својот покоен член на семејството за последен пат пред погребот. Но, кога го отвориле ковчегот сфатиле дека таму лежи тотален странец кој не го познаваат.
Слична драма го снашло и семејството во Ченеј, село на 20 киломтери од Нови Сад. Нивната погрбна поворка била зпарена од полиција, која морала да им ја соопшти веста од Нови Сад, дека дошло до замена на починатите.
Погрешната замена се случила во Институтот за судска медицина, каде на покојниците им била извршена обдукција, а потоа секој од нив е ставен во ковчег со име на другиот, а семејствата ги потпишале дозволите за погреб без да ги идентификуваат телата.
Директорот на Клиничкиот центар на Војводина проф. д-р Драган Драшковиќ изјавил дека тоа е прв ваков случај, и дека ќе се утврди идентитетот на оние кои се одговорни за таа замена. Двајца вработени биле суспендирани и против нив се води дисциплинска постапка.