Ник Хајдфелд – упорниот Германец

17 август, 20110
0

Ник Хајдфелд e роден на 10 мај 1977 година во Мошенглабах, Германија. Тој е германски возач на Формула 1, кој во моментов вози за тимот на Лотус Рено ГП како замена за повредениот Роберт Кубица.
Ник Хајдфелд на свои осум години се обидел да вози картинг возило на патеката која се наоѓала во близина на Нирбуринг каде што покажал импресивни резултати, и поради тоа успеал да го добие своето прво картинг возило.

По осум години натпреварувајќи се во картинг трките во многу шампионати,  Хајдфелд одлучил на свои 17 годинида да се пресели во германскиот шампионат на Формула Форд. Хајдфелд во 1994 година станал шампион во Формула Форд и следната година се преселил во натпреварите во Формула 3.
Хајдфелд поминал две години во германската Формула 3 серија возејќи за тимот на Опел БСР.

Во 1997 година го имал своето прво тестирање во Формула 1 за тимот на Мекларен Мерцедес, каде со поддршка на тимот се преселил во натпреварите во Формула 3000. Хјдфелд во 1998 година успеал да освои неколку први места што полека го водело кон пополнување на некое од местата во Формула 1.

Хајдфелд во 2000 година пристигнал во Формула1 возејќи за тимот на Алан Прост. Тоа за него било тешко деби, каде имал многу бавен и несигурен болид возејќи заедно со неговиот клубски колега Жан Алеси, тие имале и инцидент на Австралиското ГП кога двајцата претекнувајќи се судриле со болидите.

Во следната сезона Хајдфелд преминал во Заубер, каде што возел заедно со дебитантот Кими Раиконен. Хајдфелд го постигнал својот прв подиум во неговата трета трка, но Мекларен биле импресионирани од младиот фински возач и потпишале договор со него, наместо со Хајдфелд.

Тој останал во Заубер за уште две сезони, прво со Фелипе Маса како негов тимски колега, а потоа и со Хајнц-Харалд Френцен. Но, тимот немал некои завидливи резултати и Хајдфелд преминал во Џордан во 2004 година, каде покажал солидни возења.

Тоа го привлекло вниманието на Вилијамс БМВ кои го тестирале Хајдфелд заедно со Антонио Пиѕониа. Хајдфелд успеал да се наметне и да биде избран за возач на БМВ во 2005 година.

Хајдфелд брзо ја вратил самодовербата постигнувајќи подиум во Монте Карло, а во Нирбуринг започнал од пол позиција. Кон крајот на годината Хајдфелд доживеал несреќа при тестирање во Монца, а потоа имал и велосипедска несреќа, каде ги пропуштил последните 5 финални трки.

Во 2005 година Вилијамс и БМВ се разделиле, а Хајдфилд преминал во новиот тим на БМВ Заубер. Каде за клубски колега прво го имал Жак Вилнев, а подоцна и Роберт Кубица.

Хајдфелд поголемиот дел од сезоната во 2008 година ја поминал натпреварувајќи се меѓусебно со својот колега Роберт Кубица, особено во квалификациите. Но, тој исто така таа година го соборил рекордот на Михаел Шумахер со рекордни освоени втори места без победа, додека Кубица ја постигнал својот прва победа во Монтреал.
Истиот пар возачи останал и во сезоната 2009 возејќи за БМВ но без некои големи резултати. Таа година БМВ се тркал со нов болид кој не ги оправдал очекувањата.

Во 2010 Хајдфелд успеал да се приклучи на новиот Mercedes ГП тим како резервен возачот чекајќи шанса покрај Михаел Шумахер и Нико Розберг како главни возачи.

Мерцедес одлучил да го отпушти Хајдфелд на половина од сезоната во 2010 година, а тој за кратко време преминал во редовите на Заубер каде го заменил Педро де ла Роса во последните 5 финални трки.
Сепак, тој бил заменет од страна Серхио Перез на крајот на сезоната.

Можноста за повторно вклучување во Формула 1, Хајдфилд ја искористил кога Кубица бил тешко се повреден на тркачки митинг во февруари годинава.

Хајдфелд го заменил Кубица во Рено на почетокот на 2011 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi