Нико Розберг – манекенче во F1

12 август, 20110
niko niko

Нико Розберг е син на финскиот шампион во Формула 1 од 1982-та година, Кеке Розберг. Нико е роден во Германија и има двојно државјанство. Неговата картинг кариера била поддржана од неговиот татко, преку врските со Мерцедес, Нико да се тркал со поддршка од картинг босот, Дино Хиеса. Така тимот MBM, Mercedes-Benz McLaren, се натпреварувал во Формула А шампионатот во 2000-та година со младиот Розберг и Луис Хамилтон. Тимот победил во шампионатот таа година, со Хамилтон пред Розберг.

Розберг победил на 9 од вкупно 17 трки на Германскиот BMW Формула шампионат во 2002-та година, со освоени 264 поени.
Наредните две години, Розберг возел во Формула 3 за тимот кој го нсел името на неговиот татко. Тој завршил осми на шампионатот во 2003-та година со една победа и одлично ја започнал 2004-та година со неколку победи и завршил четврти во генералниот пласман, еден поен пред Хамилтон. На Големата Награда на Макау, Розберг се извртел и го собрал Хамилтон заедно со него.


Новата GP2 категорија, создадена како отскочна даска за Формула 1, била следната дестинација на Розберг. Во 2005-та година заедно со Александар Премат возел за тимот ART, каде Розберг водел голема битка за шампионатот со Хеики Ковалаинен. Тимот на ART често правел промени во конструкцијата на болидите, со што бил во предност пред конкуренцијата. Розберг го освоил шампионатот со 5 победи и 12 подиуми, со 15 поени пред Ковалаинен. Следната сезона Нико Розберг преминал во тимот на Williams, тимот со кој татко му го освоил шампионатот. Тој импресионирал уште на самиот почеток со првото излегување во Бахреин каде имал најбрз круг. Остатокот од сезоната имал неколку дебитантски грешки, но постигнувањето големи брзини му одело во прилика. Неговата втора година била далеку подобра со неколку одлични трки. Сезоната во 2007-та година тој завршил 9-ти во генералниот пласман, со 20 освоени поени. Во 2008-та година, бил посакуван во тимот на McLaren, покрај Хамилтон. Но Розберг не се одлучил да премине во McLaren. Розберг бил придружуван од Казуку Накаџима во 2008-та година. Таа сезона започнал одлично со трето место и подиум за Големата Награда на Австралија. Освоил подиум и во Сингапур, но сепак по неколку пресврти тој заврши 13-ти во генералниот пласман, со 17 освоени поени. Сезоната во 2009-та година Розберг почнал да привлекува поголемо внимание кон водечките тимови и веќе кон крајот на годината тој потпишал за тимот на Mercedes GP. 2009-та година со Williams-Toyota, тој завршил 7-ми во генералниот пласман со 34, 5 освоени поени.


2010-та година Нико Розберг ја започнал во тимот на Mercedes GP, покрај клубскиот колега Михаел Шумахер, во исто време отфрлајќи ги сите прашања за тоа дали тој е во можност да се натпреварува покрај 7-кратниот светски шампион. Но, Mercedes таа година немал освоено ниту една победа. Нико Розберг таа сезона завршил 7-ми во генералниот пласман, со 142 освоени поени, само 2 поени позади Фелипе Маса. Оваа сезона тој е на 7-мата позиција во генералниот пласман со 48 освоени поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi