Нико

25 август, 20110
Niko-japan-naslovna

Најпознатиот град на храмови во Јапонија

Кога големиот Шогун Јејасу од племето Токугава засекогаш ги затворил своите очи, му ја исполниле последната желба и го однеле на последна починка во планинскиот предел Нико-100 километри одалечен од новиот главен град Едо, кој тогаш бил сиромашно рибарско село и многу подоцна се развил во милионскиот град Токио.

Јејасу успеал да ги уништи кнезовите своите противници, успеал да освои повеќе покраини и положил камен темелник на обединетата јапонска држава. Тоа било држава во која Јејасу само по име бил Шогун (државен војсководец), а впрочем како владетел ја водел строгата полициска управа наместо царот кој бил симнат од престолот. Во 1617 година го закопале мртвиот државник и јунак Воника и го ставиле помеѓу боговите. Во преубавата природа – денеска национален парк – никнале безброј градби во чест на воениот херој, изградени се порти, пагоди и ковчези.

Постепено се создало големо подрачје на храмови, кои на почетокот биле посветени на Буда, а подоцна на скромниот култ Шинто, јапонска државна религија. Легендата зборува дека во раскошната Тошогу капела во рок од 15 месеци ја граделе 830.000 луѓе.

Во Нико со сите почести е закопан и Јемицу, внук на Јејасу и негов наследник. Пределот на храмовите се развил во многу посетено место каде богатите кои доаѓале во чест на големиот Шогун носеле бронзени или камени жртвени светилки, а сиромашните саделе по едно дрво или на свештениците им давале ситни пари.

„Како во сите поголеми Шинто – храмови во земјата, така и овде во еден двор се наоѓала голема бина за играње на која некоја млада и убава свештеничка изведувала свети танци“, за бележал светскиот патник Ернст Хесе – Вартек.

Кога ќе се помине низ Ниомон – портата, се доаѓа до  штала за свети бели коњи. Духовите на големиот Шогун треба секојдневно да јаваат. Една  дрвена пластика над вратата над шталата покажува три мајмуни чии раце се поставени така што ја пренесуваат следната порака: „ништо не слушај, ништо не зборувај и ништо не гледај“.  А тие денеска спаѓаат во едни од најраспространетите фигури во светот.

 

Никогаш не кажувај преубаво, ако не си го видел Нико“, велат јапонците.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi