Николина Пишек веќе покажала дека нејзината нова емисија на ТВ Пинк ќе биде провокативна. На снимањето на првата емисија, каде што нејзини гости биле Исидора Бјелица и бендот Гитарси, ги запрашала членовите на бендот зошто во емисијата не пристигнале голи. Тоа многу го вознемирило еден член од Гитарси, кој се спротивил на таквата нејзина најава, под изговор дека тие се наставници во музичко училиште и дека ова шоу го гледаат и деца, односно нивните ученици. Сепак, Николина Пишек не била премногу возбудена околу ваквата реакција.