Спектакуларна колекција од фотографии претставена на една изложба во Еврејскиот музеј во Менхетен ги израдува сите оние кои сакаа да се потсетат на минатото во овој град.
Под името ‘The Radical Camera: New York’s Photo League, 1936 -1951’ изложбата го прикажува животот на децата, младите и возрасните во Њујорк во средината на минатиот век. Фотографиите се од различни автори, а изложбата ќе патува низ повеќето градови во САД.