Њујорк,САД

popara15 јули, 20111min00
1833_large

Њујорк е најгусто населениот град во САД, и центар на метрополитенската област Њујорк, која е едно од најгусто населените урбани области во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната државата Њујорк, од која истоимениот град е дел.

Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд. Проценетата населеност на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители и со површина од 790 km², Њујорк е најгусто населениот голем град во САД. Населението во метрополитенската област Њујорк е исто така во најголем број во државата, со 18,8 милиони во област од 17.400 km².Исто така и пошироката област на Њујорк, која во 2008 година била дом на 22.155 милиони. Њујорк е основан како трговски центар од страна на Холанѓаните во 1624 година. Тогашното гратче било именувано Нов Амстердам се до 1664 година кога колонијата потпадна под контрола на Англија. Њујорк започнува да се смета за главен град на САД во периодот од 1785 се до 1790 година. Градот, како најголем од сите градови во САД, почнува да важи како таков од 1790 година.

Многу области и културни знаменитости во градот се добро познати низ целиот свет. Статуата на слободата поздравувала милиони имигранти кои пристигнувале кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Волстрит во подолен Менхетн, е доминантен финансиски центар од периодот на Втората Светска Војна и денес е седиште на Њујоршката берза. Градот е дом на некои од највисокитe згради во светот.

Њујорк е град во кој се родиле многу културни движења, како што се Харлемската Ренесанса во литературата и визуелната уметност, Апстрактниот експреонизам (исто познат како „Њујоршка школа“) во сликарството, хип-хопот, панкот, салсата, диското и Тин Пан Алеи во музиката, а претставува и дом на Бродвејскиот театар.

Њујорк е претпознатлив меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз, од кои поголемиот број функционираат 24 часови дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители. Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“ Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“.

Туризмот е доста развиен и важен за градот Њујорк, со околу 47 милиони странски и домашни посетители годишно. Најчесто посетени дестинации се Еmpire State Buildin, островот Елис, Бродвеј, Метрополитскиот Музеј на уметност и други туристички атракции како што се Централ Парк, Washington Square Park, Rockefeller Center, Тајмс Сквер, зоолошката градина во Бронкс, ботаничката градина на Њујорк, шопинг-атракциите во петтата авенија и авенијата Медисон (Medison Avenue), и настани како што се парадата за Ноќта на Вештерките во Гринвич филм фестивал (Tribeca Film Festival) и слободните настапи во летниот период одржани во Централ Парк. Статуата на слободата е најголемата туристичка атракција и е најприфатената икона на САД. Џексон Хајтс, Флашинг и Брајтон Бич (Jackson Heights, Flushing, Brighton Beach) се најголемите шопинг-центри за Американците од првата и втората генерација долж источниот брег (East Coast).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag