Њујоршки “Џек Мевосек“ сее страв, најдени остатоци од три човечки тела

5 април, 20110
seriski2(a)
Остатоци од најмалку три човечки тела биле најдени на плажа во Њујорк, на локација каде претходно биле најдени убиени пет жени. Њујоршката полиција верува дека станува збор за сериски убиец.
Истражните органи детално го прегледале целиот реон на плажата Лонг Исланд. Поради високата трева биле користени и полициски кучиња трагачи. Околу 20 лица од истражните тимови биле повредени бидејќи се избоделе на отвровни растенија, додека го пребарувале теренот.

Прво полицијата открила остатоци од три трупа, кога во декември, лани, трагала по исчезнатата проститутка Шенон Гилберт. Но, ниту еден од најдените не и припаѓал неа. Минатата недела на плажата биле најдени пет тела. “Сеуште веруваме дека во овој реон е и Шенон Гилберт“, рекол шефот на полицијата и најави дека и понатаму ќе го пребаруваат теренот. Досега идентификувани се две од жртвите, проститутки кои своите услуги ги нуделе преку Интернет. Ричард Дормер, полициски функционер рекол дека бидејќи се најдени толку тела на едно место, најверојатно станува збор за сериски убиец.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit