Поранешниот гитарист од британската позната група Ноел Галагер изјавил дека започнува соло кариера и најви два албума со новата група. Едниот албум ќе се најде на продажба од 17 октомври, а вториот во средината на наредната година.
Две години откако тој си замина од Оазис, пред се поради честите расправии со својот брат и пејач во бендот, Лиам, Ноел изјавил дека е спремен за нов почеток.
Во изјавата за новинарите во Лондон, тој рекол дека веднаш по објавувањето на новиот албум, планира и концерти, од кои првиот би се одржал во Даблин.
Оазис беше еден од најуспешните британските бендови во текот на деведесетите години, а нивниот најголем хит беше “Wonderwall”.