Заедно со најавата за достапноста на новата верзија на Symbian платформата за поединечни модели стигнува и промената на името.
Корисниците на моделите на Nokia – N8, Nokia E7, Nokia E6, Nokia X7, Nokia C6-01, Nokia C7, и Nokia Oro ќе добијат надоградување на новиот оперативен систем во февруари 2012 година, е најавено од оваа компанија.
Новата испорака на уредите N8, C7, C6-01 веќе доаѓаат со новиот оперативен систем, најпрво во Кина, па потоа низ остатокот на светот.
Тоа што е интересно во оваа најава е дека од името на оперативниот систем, Symbian Belle, Nokia донела одлука да го исфрли Symiban, и така платформата сега се вика само Nokia Belle.