Норвешка е многу богата со национални паркови, со голем број на ендемски растенија, голем број на езера, глечери и природни реткости. Една од најеколошките држави во светот, каде екологијата е примарна работа на сите жители
посебно на вработените во туризмот. Иако се наоѓа на крајниот север и климата е многуладна и има делови кои се преку целата година покриени со снег, во Норвешка сите аеродроми се во функција во текот на целата година. Најпривлечни туристички атракции се секако крстосувањата по фјордовите, планинарењето, сплаварењето на диви води, од зимските спортови алпското и нордиското скијање.
Алта, град во Норвешка на утоката на реката Алта во Алта Фјорд. Има околу 3000 предисториски цртежи на карпи од околу 4200-4500 година п.н.е. (дел од светското наследство на УНЕСКО).
Берген, втор најголем град во заливот Би Фјорд. На пристаништето се наоѓа стариот трговски дел на градот со стари трговски куќи и Хансеатски музеј, потоа некогашна тврдина Бергенхус сместена навлезот на пристаништето, црквата Св. Богородица од 12 век, Тролдхауген, куќата накомпозиторот Едвард Григ, Музеј на отворено Гемле Бергени други знаменитости.
Гајрангер Фјорд, еден од најживописните фјордови во Норвешка, со најубави видици од врвот Далсниб. Спуштањето во фјордот по Гајренгерскиот пат претставува живописен пат и разгледување на голем број ендемски растенија.
Јостедалбре, најголема ледена покривка на Европскиот Континент (486 км2) на планините помеѓу Согне Фјорд и Норд Фјорд. До 500 м дебела ледена маса во 26 ледници се спушта во соседните долини, од кои најдолга е Тунбергдалсбре.
Карасјок, област во северна Норвешка покрај Карасјок блиску до границата со Финска. Лапонски центар со Парламент на Самите, информативен центар и музеј на Самите. Јужно од оваа областа се наоѓа националниот парк Евре Анарјак со површина од 1290 км2.
Лилехамер, град кој се наоѓа северно од езерото Мјес, покрај реката Месна, Голем туристички центар на зимски спортови, место каде се одржаа 17-те Зимски олимписки игри во 1996 година. Во Лилехамер се наоѓа музеј на отоворено наречен Маихауген, со стари куќи од цела Норвешка.
Лофоти, низа планински острови покрај норвешкиот брег со столбести врвови и живописни рибарски населби во заливите, како на пример Аствегој со центар Сволваер,каде се наоѓаат живописните Трол Фјорд, Вествагеј и Москенесеј.
Салтфјел, национален парк во северна Норвешка, 2250 км2, на истоимената висорамнина на надморска височина од 1200 до 1400 метри. Има голем број ледници,како што е Свартисен и карстните пештери Гренли, кои представуваат туристичката атракција.
Северниот `рт (Нордкап),` рт на островот Мегереј на крајниот север на Европа Омилено туристичко место достапно по патот од Хонигсвег. Сонцето не заоѓа од 14мајдо 30 јули.