За време на престојот на американскиот претседател Барак Обама во Велика Британија, се случила мала грешка.
Имено, за време на посетата на Вестминистерската палата со сопругата, претседателот се запишал во книгата на впечатоци, но впишувајќи го датумот, напишал погрешна година – 2008.
За потсетување, на американскиот претседател му се случи уште една непријатност и во Ирска кога неговиот автомобил се заглави на рампата пред амбасадата на САД во Даблин.
Обама за време на посетата на Лондон, се сретна и со Вилијам и Кејт и им упати честитки за венчавката со оглед на тоа дека не беше повикан на венчавката.
Претседателот на САД се сретна и со премиерот Дејвид Камерун за кој одвоил и време да играат тенис.
Извор: Нетпрес