Нов музеј Мадам Тисо во Виена
1 април, 20110
Денес новиот музеј Мадам Тисо ги отвори вратите на посетителите во Виена. Тој брои многу восочни фигури меѓу кои се и оние на Алберт Ајнштајн, папата Бенедикт Шеснаесетти, Далај Лама, Роби Вилијамс, австрискиот претседател Хајнц Фишер итн.
Ова е единаесетиот музеј Мадам Тисо отворен ширум светот. Другите музеи ги има во Лондон, Холивуд, Берлин, Њујорк, Амстердам, Вашингтон, Хонгконг, Лас Вегас, Шангај и Банког.