Нов вирус на Facebook

27 август, 20110
0715007.42

Постои опасност од нов вирус кој неодамна се појави на најпопуларната друштвена мрежа и е скриен позади линк кој ветува многу забава.

Доколку во чет прозорецот од некој од пријателите добиете порака со текст „Wanna laugh?“, знајте дека се работи за вирус кој го напаѓа целиот систем на компјутерот. Откако ќе му одговорите, ќе ви прати линк со страница која за неискусно око изгледа исто како ЈуТуб. Таму, на насловот, најчесто може да се најде вашето име и коментари од ваши пријатели на англиски.

Наместо видео, на страната има известување дека морате да ја симнете најновата верзија на програмата за да го гледате видеото, па ако кликнете и на тоа, ќе го заразите вашиот компјутер со вирус и ќе сфатите дека сте измамени и дека такво видео воопшто не постои.

Доколку го закачите вирусот, можете да го победите на следниов начин:

  1. Кога ќе се заразите со вирусот и вие ќе почнете да им праќате на пријателите пораки со текст„Wanna laugh?“, па затоа прво сменете си ја лозинката.
  2. Ако не сте во можност да го сторите тоа, обратете се на Help рубриката на Фејсбук.
  3. Иако секогаш, најдобар лек е навремената превенција, т.е. избегнување на отворање сомнителни линкови, кои најчесто имаат облик на бомбастична порака, наслов или провокативни слики, сепак, може да ви помогне и добра антивирусна програма.

Во некои случаи, заразените корисници немаат пристап до Фејсбук и не можат да ја сменат лозинката, и иако нема едниствено решение за сите, се препорачува после целосно скенирање со квалитетна антивирусна програма, пред www.facebook.com да впишете уште едно „www“ за да слободно влезете во својот профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi