Пак НЛО, кој ли сега ќе не освојува!? :)

27 август, 20110
Пак НЛО, кој ли сега ќе не освојува!? :)

Според тврдењата на бројни сведоци, кои во доцните ноќни часови на 23-тата улица имале ретка прилика да видат една необична појава, над Лоред во Тексас се појавиле два НЛО.

Светлечките објекти го посетиле ова место и претходната ноќ, но внимание привлекле кога се појавиле и по втор пат. Двете ноќи, летечките објекти летале над ова место по неколку саати. Иако изгледаат како ѕвезди, нивното непредвидливо движење, промената на насоката и другите маневри дополнително ги заинтригирале набљудвачите.

Овој настан е снимен и со камера, а сопственикот на камерата тврди дека подоцна се појавил уште еден објект, но тој немал повеќе батерија за да го снима.

Феноменов за кратко време стана популарен и многу луѓе го видоа преку интернет, а најинтересно е што случката се повторува секој ден, неколку саати по полноќ. Настанот се појави и во вести, а во репортажата подолу можете да ја видите снимката од летечките објекти и реакциите на сведоците:

httpv://www.youtube.com/watch?v=Km_GrZ9ibxo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma