Едногодишната Леи Јади Мин од Јангон е новата рекордерка која има најмногу прсти на своите екстремитети. Девојчето има 26 прсти, по шест на секоја рака и седум на секое стапало. Со тоа Леи ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Нејзината мајка не е воопшто загрижена што тоа е така, таа изјавила дека нема зашто да се грижи бидејќи нејзината ќерка нема недостаток, туку има одвишок. Претходно рекордот го држеле индијките, Пранмаја и Девендра кои имале 12 прсти на рацете и 13 на нозете.