Во јавноста веќе се појавија слики од новиот БМВ М5 концепт кој беше прикажан минатиот Петок во Минхен пред селектиран број на новинари. Сега и официјално БМВ ќе го претстави својот најнов модел БМВ М5 концепт во “Shanghai Auto Show” на 19 Aприл, а ќе се појави на пазарот во 2012 година.
БМВ М5 концепт користи нов 4.4 литарски V8 мотор со турбо “М TwinPower” технологија поврзан со седумстепен менувач, се наведува дека излезна моќност е поголема од 420kW и 680Nm што го прави многу помоќен од предходниот BMW M5. Како стојат работите новиот М5 спремно ќе застане на пазарот каде веќе го чекаат неговите конкуренти Mercedes E63 AMG и Jaguar XFR.
Цената на новиот БМВ М5 концепт би требало да изнесува негде околу 65.000 £.