Колекционерката на антиквитети, која не баш на чесен начин ги собира делата, Лара Крофт е повторно во акција.
Најновото филмско остварување би требало да стигне во 2013 година. Продуцентот Грејам Кинг и неговата компанија ги земаа сите права за франшиза за Ограбувач на гробови и сега планираат да се снимаат новите авантури.
Сценаристот уште не е ангажиран. Ова ќе биде трето продолжение на претходните два, првиот сниман во 2001 година, и вториот 2003 година, кога главната улога ја имаше Анџелина Џоли. Претходните филмови имаа заработувачка од 430 милиони долари на кино благајните.