Facebook стана уште позаразен од ова што е ! Корисниците во иднина ќе може да разговараат едни со други преку видео-врска, и ќе може да учествуваат во групен разговор, најмногу до десет луѓе. Исто така и дизајнот на Facebook ќе биде променет.
Освен овие информации, Марк Цукерберг на прес конференцијата истакнал дека Facebook ќе добие многу поатрактивен изглед, и дека корисниците веднаш на почетната страна ќе може да видат кои нивни пријатели се онлајн.