Обама еден од последните гости на Опра
13 април, 20110

Претседателот на Америка, Барак Обама заедно со својата сопруга, првата дама Мишел Обама ќе бидат едни од последните гости во шоуто на Опра. Тие последен пат во шоуто на Опра гостувале во 2006 година. Кон крајот на месецов ќе се случи снимањето, а оваа епизода од шоуто ќе се емитува на 2-ри мај.
Последната епизода од шоуто на Опра ќе се емитува на 25-ти мај. Заради големата гледаност на ова шоу и заради тоа што е најавен неговиот крај, рекламирањето во текот на шоуто во последната недела достигна рекордна цена од 1.000.000 долари за 30 секунди.