Обама го гледал во живо убиството на Бин Ладен

popara3 мај, 20111min00
462c7714-ad7d-492a-beb1-bed854ceee2a

Обама и министрите од неговата Влада во живо го следеле убиството на лидерот на Ал Каеда. На заштитниот шлем, на еден од припадниците на елитните единици на американската морнарица “Фока“, била прицврстена камера која ја регистрирала смртта на Осама Бин Ладен, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес.

Според информациите на американската телевизија Си-ен-ен, Бин Ладен прво бил погоден во левото око, потоа војникот пукал уште еднаш најверојатно во градите за да биде сигурен дека е навистина мртов.

Се наведува дека терористичкиот водич Бин Ладен, како жив штит ја користел својата сопруга која загинала во акцијата, како и уште три лица меѓу кои бил и нивниот син.

Во рок од неколку часа телото на Осама Бин Ладен било погребано во морето.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma