Обама и Камерон играа пинг-понг

27 мај, 20110
Обама и Камерон играа пинг-понг

Најмоќниот човек во земјата и домакинот на Олимписките игри кои ќе се одржат следната година во Лондон, претседателот на САД – Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон одлично ја искористија својата средба за важни дискусии кои треба да се завршат.

Двајцата лидери стигнаа и да одат до академија Глоб во јужен Лондон, каде што со двајца ученици успејаа да одиграат партија пинг-понг.

Намерата секако им била да ги потикнат студентите да се занимаваат со овој спорт. Познато е дека омилениот спорт на Обама е кошарката и дека Камерон редовно џогира. Меѓутоа во пинг-понг подобро се покажа Обама, а Камерон малку ја разочара публиката, бидејќи играше со едната рака во џеб.

Официјалниот однос кој го имаат двајцата лидери сепак не беше доволен за победа против двајцата соиграчи, ученици во оваа академија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi