Обама: Мисијата е завршена, се повлекуваме од Ирак!

22 октомври, 20110
0574007.48

39.000 американски војници се враќаат дома, објави Барак Обама, откако кажа дека мисијата во Ирак за САД е завршена.

Претседателот на САД нареди повлекување на американските војници од Ирак. Сите 39.000 војници би требало да се повлечат во наредните два месеци.

„Американците ќе ја напуштат земјата со крената глава. Така ќе завршат американските воени напори во Ирак“, изјавил Обама.

Барак Обама потврди дека во наредните два месеци сите војници од Ирак ќе се повлечат. Тој нареди повлекување на луѓето кои скоро 9 години беа во Ирак, под водство на Џорџ Буш кој ја најави оваа инвазија на САД во Ирак.

Во Ирак имаат загинато 4408 американски војници од март 2003 година.

„САД и Ирак во договор се согласија, а Американците ќе ја напуштат земјата со високо кренати глави. Така ќе завршат сите американски воени напори во Ирак“, објаснил Обама.

Обама ја објави одлуката по конференцискиот разговор со ирачкиот премиер, а уште од минатата година САД објави крај на воените мисии во Ирак, а датумот на повлекување на војниците беше договорен уште во времето на Буш.

Сепак, прашањето за целосно повлекување било предмет на бројни расправи, ирачките лидери бараа да останат 5000 војници за обука, но да немаат имунитет од ирачкиот закон.

Пентагон не се согласи со тој услов, па одлуката за повлекување значи и дека немаат постигнато задоволителен договор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi