За време на летото потребно е да носите парчиња кои се едноставни и светли. Во текот на овие месеци си даваме малку повеќе слобода. Како се приближува топлината од летното сонце, така и боите на нашите обетки стануваат посветли. Вашата коса е подигната и ушите ви доаѓаат до израз. Потребен ви е добар пар обетки, кои ќе ја подигнат вашата дневна комбинација и ќе му дадат сјај на вашето лице. Нема потреба вашата летна гардероба да ја затемните со тешки материјали. Вашите обетки нека бидат весели и откачени или нежни и привлечни. Обетките не прават женствени и ни даваат можност за комбинација со повеќе стилови.
Оваа сезона во мода се големи обетки. Ако ве инспирираат боите на морето и океанот, можете да се водите по тие бои. Покрај сината можете да носите бела или крем боја, кои лесно ќе се вклопат во вашиот изглед. Не претерувајте, вашиот изглед нека биде суптилен, затоа што со помалку добивате повеќе.