Облакот од пепел од вулканот во Чиле го обиколи светот

19 јуни, 20110
puyT3
Облакот од пепел од вулканот Пујеуе го обиколи светот и се врати во Чиле, каде што властите за прв пат од четврти јуни, кога еруптираше вулканот, ги откажаа летовите.
Во петокот, облакот стигнал до Којхаик, на 1600 километри јужно од главниот град. Авиокомпанијата “ЛАН“ соопшти дека се откажани сите летови до градовите во јужниот дел на земјата, вклучувајќи го и Пунта Арес, како мерка на претпазливост.
Според националната служба, пепелта, исфрлена од вулканот, е значително намалена, од околу 100 милиони кубни метри дневно во почетокот на ерупцијата до 3 милиони кубни метри вчера. Геолозите прогнозираат дека активноста на вулканот постепено ќе се намали во следните две недели.
Министерството за здравство на Чиле, сепак, објави санитарна тревога до 31 јули поради појавата на респираторни заболувања кај децата предизвикани од сувата зима и ендемични загадувања во главниот град.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *