Во новата биографска книга за Мерлин Монро која се вика: “MM – Лично: од приватната архива на Мерлин Монро” за прв пат се објавени писмата кои таа ги добивала од своите обожаватели.
Таа добивала многу писма и оние кои имале посебно значење за неа ги сочувала, па сега се објавени за јавноста. Во едно од писмата една обожавателка и понудила дете на посвојување, токму во моментот кога Мерлин го доживеала третиот спонтан абортус. Во писмото пишувало: се надевам дека ќе сакате да го посвоите ова девојче кое е родено токму на датата кога вие го загубивте вашето дете.
Оваа приватна архива била сочувана во голема кутија, а во него имало многу писма од кои таа добивала љубов од целиот свет. Освен писмата од своите обожаватели во книгата се објавени многу нејзини необјавени фотографии.