Модната компанија Guess за оваа есен ја спреми колекцијата за млади, која е инспирирана од секси изгледот на Мерлин Монро во 50-те.
“Новата” Мерлин Монро, поточно моделот за оваа кампања е актерката Амбер Херд. Таа одлично се потруди новите модели да ги претстави како класични, и повторно исто толку секси како што тоа изгледаше на Монро.
Фотографиите се направени во црно- бела варијанта, и со стајлингот на Амбер многу лесно не враќаат во 50-те.