Мексико, татковината на Маите, кои предвиделе дека крајот на светот ќе дојде на 21.12.2012 година, веќе почна со прославите кои ќе траат во текот на целата година.
Точно една година останува до датумот 21.12.2012 година кога според предвидувањата на древните Маи ќе дојде крај на светот. Во југоисточниот дел на Мексико во централната област во која Маите живееле, наместо луѓето да даваат материјали за опстанок, тие внимателно ги избираат прославите кои же траат цела година.
Мексиканските туристички агенции очекуваат голем број на туристи во регионите на Чиапас, Јукатан, Квинтан Ро, Тобаско и Кампече, а се верува дека бројката на туристи ќе изнесува околу 52 милиони.
Голем број помали и поголеми градови веќе започнале со одбројувањето, а во главниот градски парк во Тапачул бил поставен голем дигитален часовник.
Во околните археолошки локалитети на Маите, свештениците одат да се молат, да пеат и да горат темјан.