Одложено Светското првенство во уметничко лизгање во Јапонија
14 март, 20110

Меѓународната лизгачка организација го одложи Светското првенство во уметничко лизгање кое требаше да се одржи во Јапонија од 21 до 27 март.
Во денешното соопштение на организацијата се наведува дека не е можно да се обезбедат услови за натпреварувањето кое требаше да се одржи во Токио, поради земјотресот и цунамито кои ја разорија Јапонија.
Одложена е и организацијата на Светскиот трофеј во уметничко лизгање, кое првобитно беше закажано за 14 април.
Во соопштението на организацијата се вели дека новиот датум на одржување на првенството, ќе биде дополнително објавен.
Извор: Нетпрес