По долгото готвење на храната, таа ги губи сите вредни витамини и минерали. Всушност, уште поважно е што се губат сите ензими и при тоа телото не може правилно да ги искористи здравите состојки.
Особено е чувствителен витаминот Ц кој ја губи целата вредност при готвењето.
За да се избегне ова, гответе ја храната минимално, особено зеленчукот кој при термичка обработка ги губи сите хранливи состојки. Проблемот е уште поголем бидејќи кога храната е подлегната на термичка обработка доживува хемиска промена која може да биде опасна за луѓето кои се склони кон таложење на вишокот тежина.