Огромен портрет на Евита Перон во Буенос Аирес! Ете, секаде се гради…само нас ни смета!

28 јули, 20110
evita

Речиси шеесет години од смртта на Евита Перон, нејзинот лик се уште живее во аргентинската политика, а од вторникот нејзин гигантски портрет е поставен над Буенос Аирес.

Претседателката Кристина Фернандез, која често ја величи Евита во своите говори,  го откри портретот на Евита Перон изработен од ковано железо, кој ја покрива зградата на министерството за здравство. Само три месеци пред претседателските избори на кои Фернандез ќе се обиде да го освои вториот мандат.

Евита, која била актерка, стапила во брак со претседателот Хуан Перон, а многу брзо станала омилена меѓу народот, бидејќи се залагала за правата на жените, работничката класа и помагала да се изгрдат болници и центри за сиромашните.

“Ева Перон е автентична културна и историска личност за сите аргентинци“, изјавила Фернандез, додавајќи “таа не научи дека успехот носи висока цена“.

Големината на сликата на портертот е колку една десетокатница, висока 31 метар, а широка 24 метри.

“Целта на ова дело е да се изрази почит на жената која се борела за социјална правда“, изјавил Алехандро Мармо, уметник кој е автор на портретот.

Портретот на Ева Перон во Буенос Аирес е откриен на 59 годишнината од нејзината смрт. Таа почина од рак на 33 години, во екот на нејзината популарност.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi