Олдтајмер Бугати купен за 60, а продаден за 430.000 фунти

4 јули, 20110
_53820601_bugatti1

Модел на Бугати, кој во 1950 година бил купен за 60 фунти беше продаден на аукција за неверојатни 430.000 фунти. Автомобилот марка Бугати тип 35 е произведен во 1924 година, а Џек Перкинс, колекционер на автомобили, го купил во 1950 година за само 60 фунти.

Иако вложил средства за да го доведе во беспрекорна состојба, Перкинс никогаш не сакал да го продаде. Страсниот колекционер, кој починал во 1992 година, всушност се тркал со овој автомобил до својата 78 годишна возраст.

По неговата смрт, овој тркачки автомобил бил изложен во британскиот музеј Haynes Motor Museum, каде останал се до декември 2010 година. Автомобилот бил продаден на годишната аукција на Bonhams за време на фестивалот Goodwood во Англија, а најпознатото британско списание го погласил за „најубав тркачки автомобил на сите времиња“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi