Онлајн молитви

16 јуни, 20110
prayer-healing-power-2

Една романска компанија, за само едно евро нуди можност за верниците преку интернет да ги испраќаат своите молитви на свештениците кои ќе ги читаат на службите, пишува АР.

Романските православци ги запишуваат своите молитви во црква, а потоа им ги даваат на свештениците кои за одредена цена ги читаат. Тие обично се молат за здравје, добри резултати на испитите, среќни бракови и простување на гревовите.

Верниците сега може да платат едно евро дневно или пак 24 евра месечно, за да се читаат нивните молитви. Моментално има само четри цркви кои ја опфаќаат оваа понуда.

Романскта православна црква, на која припаѓаат повеќе од 85% од Романците, не го одобруваат овој потег, поради тоа што тој ја охрабрува мрзливоста кај верниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *