Принцот William и неговата сопруга Kate одбраа да одморат на Сејшелите, место на кое во моментов владее еден опасен вирус. Вирусот Chikungunye се пренесува преку комарците и другите инсекти кои ги има во огромен број на тоа место. Веќе стотина мештани се заразени. Симптомите на вирусот се: болки, зголемена температура и потење, пренесува Daily Mirror.
Сега за сега тие се добро и останува само да ги превземат превентивните мерки, да се мачкаат со креми против инсекти и да се прекријат со мрежа, и да се надеваат на најдоброто.
Парот би требало да се врати од Сејшелите во четврток.