Опасности од педикир и маникир

popara1 јуни, 20111min00
1-Naslovna1

Посетувањето на салони за убавина на педикир и маникир би требало да ве опушта, а не да ве загрижува. Поготвово затоа што овие третмани се осмислени да ве ослободуваат од стресот. Но во салоните се кријат и потенцијални опасности за вашето здравје. Распрашајте се детално и побарајте препораки пред да се одлучите да посетите одреден салон. Еве на што уште треба да обрнете внимание:

Опремата која ја користат за педикир

За оваа врста на третман хигената е најважна. Проверете дали вашата козметичарка користи стерилизирани инструменти. Во спротивно ризикувате да се здобиете со бактерии и болести. Многу често после третман, посебно на ноктите на нозете се појавува гливична или бактериска инфекција. Ноктите после педикир или маникир може да станат жолтеникави или масни. За да ова не ви се случи, кога ќе се вратите дома од салонот, потпете ги нозете или рацете во богата сапуница за да ги отстраните сите нечистотии.

Проверете ја лиценцата на салонот

Некои педикири рутински користат одредени хемикалии кои предизвикуваат здравствен ризик. Затоа за време на посетата на салонот прегледајте ги ѕидовите, ако се закачени лиценци во рамка и оцени од здравствени институции, тоа значи дека се помали шансите да добиете некој болест.

Острите инструменти се најопасни

Алатките со кои работат козметичарките во салоните исто така може да бидат легло на бактерии. Ако имате кожа, осетлива на болка, замолете ја козметичарката овие инструменти да не ги користи.

Не секој проблем настанува во салонот

Одржувајте ги вашите нокти со здрава и правилна исхрана. Тие се дел од телото, по кој многу лесно може да заклучиме каква ви е здравствената состојба, а недостатокот на витамините Б,Ц, Д и некои минерали предизвикуваат пукање на кожата. Ова и најдобрите козметичари нема да можат да го сокријат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma