Транскрипција на еден “муабет”

1 јуни, 20110
miloshevicmladic

Ратко Младиќ за времетраењето на неговиот војнички стаж, ги снимал скоро сите разговори со своите соговорници. Ви даваме транскрипција на еден од разговорите воден во 1996 година со тогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

Младиќ: Ова малку, со судењето воопшто не ми се допаѓа. Ни од националниот ни од наднационалниот суд

Милошевиќ: Пази, откога ќе дојде пријавата, ќе мора да се разгледа

Младиќ: Да ви кажам нешто…

Милошевиќ: Според ова нема да има судење

Младиќ: Јас имам снимки, ама немам пристап до медиите ни во Пале,ни во Белград, ни во Подгорица… никаде. Јас и незнам, а и подобро е да е така

Милошевиќ: сега е подобро… после и нема да има никакви проблеми

Младиќ: Што да ви кажам. Јас цивилите ги спасував. За какви жени и деца, сите беа префрлени во кладањ

Милошевиќ: Она до што не дојдовме како податок, е големото страдање во Сребреница

Младиќ: Кој?

Милошевиќ: Големо страдање во Сребреница

Младиќ: Не, не

Милошевиќ: Не во Сребреница туку во некоја фарма кај Сребреница

Младиќ: Не…не…не…никакви цивили

Милошевиќ: Јас и реков дека не верувам дека Ратко може тоа да го направи

Младиќ: Само да ви кажам. Ги гледавте ли тие што побегнаа, па после 3,4 месеци зборуваа. Турци. Некое дете од 20 години призна дека меѓу себе се убивале. Татко убил син, син татко и така меѓу себе си се пукале. Секој секого. Има и траги претседателе. Од Сребреница до преминот кај Тузла. Има 200 поубиени и тоа по 10 кои меѓу себе се убивале…па налетале на мински полиња…па се пробивале низ војската. Јас потпишав договор каде да дојдат…Сите што дојдоа на check point, беа спасени…

Транскрипцијата повеќе од јасно покажува кој како гледал на работите. Ете и не знаевме дека Сребреница била сексташки харикири на 6000 луѓе кои меѓусебно во групи по 10, вршеле групно самоубиство. Тие што не сакале да се самоубијат налетувале на нагазни мини…и дел по дел се очистиле целосно скоро сите мажи и деца на една енклава која беше под заштита на ОН.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi