Каде се криеше Ратко Младиќ

1 јуни, 20110
ratko20mladic133

Хашкиот оптуженик Ратко Младиќ успеваше долги години да се крие од белосветскиот суд во Хаг. Се разбира со голема помош одвнатре во Србија, а пред се од своите соборци во Босна, разни колеги генерали во Србија, роднини, пријатели. До 1997 година Ратко Младиќ живее слободно на релација Белград и Република Српска, кога заради опасност од апсење се сели во Србија до неговото аспење. После испорачувањето на Милошевиќ во Хаг, Младиќ го превзема военото разузнавање во Србија и од 2002-ра го засолнува на интервали низ касарните во Србија. Прво во Страгари, па во Крчмар кај Краљево. Од 1-ви Јуни 2002-ра Младиќ ја почнува потстанарската брканица низ Белград. На интервали од по неколку месеци, Младиќ се крие во изнајмени станови во Нови Београд. Становите ги изнајмувале неговите јатаци, со образложение дека ќе се користат за интимни контакти на големите белградски швалери.

Првиот стан бил во сопственост на неговиот пријател Пеџа Вучетиќ, кој се наоѓал на улица Пеџа Милосављевиќ. По месец дена поминати во тој стан, Младиќ го селат во стан на улица Јуриј Гагарин во Белград, од каде за кратко е префрлен на локација кај Јужниот Булевар во истиот град.По дојава од пријатели во државниот врв, се сели кај неговата блиска пријателка Љиљана Васковиќ во стан на Црнотравска улица .По неколку претреси што српската полиција ги прави во веќе напуштените станови, Младиќ се сели прво во стан на улица Владимир Поповиќ 24 во сопственост на Марко Лугања, кој е и шеф за безбедност на Република Српска, за подоцна од истиот стан се сели повторно во станови на улица Јуриј Гагарин се до крај на 2005-та година. Тогаш го напушта Белград и го селат во село Љуба од каде се префрла на локација до Сремска Митровица, после кој му се губи сосема трагот во урбаните градски средини. Неговиот последен јатак Станко Ристиќ е уапсен и од “немаjкаде” Младиќ се сели на село. Додека меѓународната јавност ја замајуваа дека Младиќ веќе е во Русија а се под заштита на тогашниот премиер на србија Коштуница, Ратко Младиќ менува неколку села во пограничниот реон со Република Српска, за конечно се пресели во војвоџанскиот регион во околината на Зрењанин каде што е и уапсен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi