Жените кои редовно доживуваат оргазам, се поенергични и поретко страдаат од болести, отколку оние кои остануваат незадоволени по сексуалниот однос, покажало едно ново истражување.
Судејќи според австралискиот тим од Програмата за заштита на здравјето на жените, оние жени кои високо го рангирале својот сексуален живот, се покажале како повитални и имаат подобар психолошки профил од оние кои имаат сексуални односи помалку од два пати месечно.
Во студијата биле вклучени 300 жени, на возраст од 20 до 65 години.
“Ова откритие ја нагласува важноста на оваа тема за здравјето на жените, со оглед на тоа дека жените се чуствуваат непријатно да разговараат со својот лекар токму за ова“, истакнала д-р. Соња Дејвисон, лидерот во ова истражување.
Преку 90% од жените кои биле опфатени со ова истражување, изјавиле дека нивната сексуална активност вклучува партнер, кој е инцијатор во половина од случаите. Факт е дека жените кои се изјасниле како незадоволени, се согласуваат дека одржуваат ниско ниво на сексуална активност, само поради прилагодувањето на очекувањата на партнерот. Истражувањето го покажало значењето на сексуалното задоволство кај жените, како исклучително важно за нивното здравје.