Осама не живеел толку изолирано како што мислеле Американците

popara16 мај, 20111min00
u2
Еден од блиските пријатели на Осама Бин Ладен рекол дека лидерот на Ал Каеда не живеел така изолирано како што сметале американските власти, пишуваат светските новински агенции, пренесува НетПрес.
Еден од талибанските челници, чиј идентитет не бил откриен поради безбедносни причини, открил дека лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен не бил толку изолиран како што сметале Американците. Блискиот пријател рекол дека со Осама се сретнал пред две години и тоа во неговата резиденција во Пакистан токму каде што бил и убиен.
Иако американските власти велеле дека Бин Ладен живеел изолирано, без интернет и мобилни телефони и дека не се сретнувал со своите соработници, талибанскиот челник тоа го демантирал.
Според зборовите на анонимниот пријател, Бин Ладен пред неговата смрт бил загрижен за својата сигурност и за финансиската состојба во која се наоѓал тој и неговото семејство.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag