Основан “Kлуб на послушни сопруги“ за посреќни мажи

6 јуни, 20110
MalayWomenMelaka_CM

Во Малезија е основан “Клуб на послушни сопруги“ кој ја промовира покорноста на жената и исполнувањето на сексуалните желби на нивните сопрузи.

Новооснованата организација во Малезија ќе ги советува сопругите како да ги избегнуваат брачните проблеми така што ќе бидат послушни и ќе ги исполнуваат желбите на своите сопрузи, и истата предизвика бурни реакции и критики кај политичарите и активистите за заштита на женските права.

“Клубот на послушни жени“, кој го основале група муслимански жени, смета дека насилството во семејството, неверството и проституцијата се последица на безбожноста како и отсуството на желбата на жената да го задоволи “сексуалниот апетит“ на нејзиниот сопруг.

Претседателката на клубот Рохаја Мохамед вели дека клубот е отворен за жените од било која вероисповед и дека ќе се организираат семинари за тоа како да се стане добра сопруга и ќе се даваат брачни совети.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi