Осум чекори за блескава кожа

popara25 декември, 20111min00
bleskava koza

Наместо да трошите многу пари на скапи козметички препарати, еве ви неколку ефтини, но ефикасни средства кои ќе ви помогнат да имате блескава кожа:

Едноставна нега – Направете негата на вашата кожат да биде едноставна, нека се состои од утринска и вечерна рутина. Секоја вечер чистете го лицето и нанесете ноќна крема или пак некоја маска. Наутро доволно е да се измие лицето со топла вода и да се нанесе дневна крема со заштитен фактор.

Подгответе се за излегување надвор – Сакате да се освежите вашата кожа пред излегување? Обидете се со овој трик: Земете парче газа, намокрете го со минерална вода и добро истријте го челото, областа околу очите и носот. Ова се нарекува  сунѓер техника, бидејќи кога ќе ги притиснете порите на кожата тие се отвараат и ја апсорвираат влажноста од газата.

Отстранување на шминка – Изберете средство кое одговара на вашата кожа и може да ја отстрани и најтврдокорната шминка. Никогаш не си легнувајте без да ја отстраните шминката.

Банана – една банана на ден ќе ви ја даде потребната дневна доза на калиум и  магнезиум, кои на вашата кожа ќе и дадат прекрасен сјај. Покрај тоа, може да направите маска од банана и ленено семе која ја храни и негува кожата.

Пилинг – Не ви се потребни посебни алатки за пилинг. Користете мека крпа навлажнета со топла вода, а потоа обврзно нанесете хидратантна крема.

Акни– Доколку имате проблем со акните, направете маска од 100 грама тиква  и две лажици мед и оставете ја да делува 15тина минути.

Потечени очи – Ако имате проблем со кожата околу очите, ставете ладни искористени кесички од чај на очните капаци и држете ги десет минути. Наместо ќесички чај, истиот ефект ќе го постигнете и со парчиња краставица.

Негувани усни – Ветерот и студот може да предизвикаат вашите усни да изгледаат суви и испукани. Направете микс од 2 лажици кокосово масло и малку вазелин со лажичка шеќер и втријте го на усните. Можете да додадете малку мед кој ќе им помогне  на пукнатините да зараснат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag